ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговите соработници се главни рекетари

Од:

„Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев ќе остане запаметена кај граѓаните како влада која направила најмногу криминал во историјата на Република Македонија.

Случајот Рекет е доказ дека Заев и неговите соработници го осмислувале, помагале, прикривале и иницирале криминалот. Во Рекет јавноста слушна дека милионската сума од торбата Луј Витон завршила кај Зоран и Вице Заеви. Ова го потврди и Боки 13 кој беше само извршител на рекетот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Боки 13 јасно посочи дека за да го изврши рекетот поддршка имал и од функционери на власта. Царовска, Кирацовски се само дел од функционерите кој дале зелено светло за овој процес.

Сето ова јасно покажува и докажува дека структурата на СДСМ стои зад целиот овој случај.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО