Ураганот Хана вчера го погоди брегот на Тексас, уривајќи електрични столбови и делови од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Невремето беше проследено со поројни дождови и силни ветрови во целиот регион.
Хана во саботата доцна навечер пристигна до американскиот брег, во близина на островот Падер, како ураган од прва категорија на петстепената скала „Сафир-Симпсон“. Погодени се делови од Тексас, кои веќе се тешко зафатени од епидемијата на новиот коронавирус.
Силните ветрови превртеле камиони и откорнале дрвја, а некои куќи останале без покриви. На некои места наврнале повеќе од 30 сантиметри дожд на квадратен метар, поплавувајќи дел од патиштата во јужниот дел на Тексас. Засега нема информации за повредени лица.
Ветровите урнале и делови од ѕидот кој беше подигнат на границата меѓу САД и Мекиско. Во еден момент без електрична енергија останале речиси 300.000 домови, но дел од дефектот е отстранет во меѓувреме.