Десет нови позитивни случаи со коронавирус во Кавадарци, претежно млади лица

Од:

Десет нови позитивни случаи со коронавирус се регистрирани во Кавадарци, се работи претежно за млади лица, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Некои од нив, како што кажа, биле контакти на претходно потврдени позитивни случаи на КОВИД-19, а други не знаеле од каде се заразиле. Новозаразените се на возраст од 18 до 51 година. Тројца се со 18 години, тројца со 19, по еден на 30, 33, 38 и 51 годишна возраст. Три од позитивните лица се од женскиот пол. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.

Докторот апелираше до кавадарчани на внимателност и почитување на мерките за заштита од вирусот.

Од почетокот на пандемијата, досега, Кавадарци бележи вкупно 47 случаи на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски