Градоначалникот на исландската престолнина Рејкјавик, Џон Гнар направи нешто што за многумина политичари е незамисливо – се облекол во костим на џедај и отишол да гласа!
Гнар инаку е актер комичар и важи за многу интересна личност. Пред неколку години е избран за најзабавен градоначалник на светот.
Во политиката, како што вели, влегол од чиста зафрканција, а своите гласачи ги забавува така што се облака во разни костими и фустани.
Гнар никогаш не бил запишан на факултет, бил таксист и свирел во локален панк-рок бенд.
Во 2009, само за да го исмее општеството, тој и неколку негови пријатели, без никакво искуство во политиката, ја формирале партијата наречена „Најдобра партија“.
Бидејќи сите партии биле корумпирани, од „Најдобрата партија“ изјавиле дека тие јавно ќе примаат мито и корупција, и признале дека нема да исполнат ниту едно од ветувањата кои ги дале во предизборната кампања.
Шест месеци подоцна, Џон и неговата партија ги добиле изборите.