Одобрени специјалните мерки за Австралија опен 2021 година

Од:

Организаторите на Австралија опен го одобрија планот за организација на турнирот во 2021 година. Извршниот директор на Тенис Австралија – Крег Тили, објасни дека играчите ќе бидат сместени во т.н. „меур“ (нема контакт со надворешни лица), а од трибините ќе бидат тргнати седиштата, со цел социјална дистанца.

Тили додава дека организаторите ќе ги следат Гренд-слем турнирите во САД и Франција за дополнителни идеи. Една од тековно дискутираните е забраната за присуство на странски посетители.

– Имавме многу опции и избравме специфично сценарио за турнирот. Нема да го достигнеме минатогодишниот број на посетители – вкупно 821 илјади, но можеби ќе им дозволиме пристап на навивачите од Мелбурн, Викторија и евентуално Нов Зеланд, доколку земјата ги отвори своите граници. Сепак, 15 отсто што доаѓаат од странство најверојатно нема да бидат овде, рече Тили во интервју.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата