Холандскиот принц Виљем Александар денес стана нов холандски крал, откако неговата мајка, кралицата Беатрис официјално се повлече од тронот.
Виљем Александар (46) е крал од новата генерација, како прв маж наследник, кој доаѓа на холандскиот престол од 1980 година.
Чинот на адбикација го потпиша и кралицата, новиот крал како и членовите на холандската влада, меѓу кои и премиерот Марк Руте.
Церемонијата утрово се одржа на главниот плоштад во Амстердам, пред кралската палата, а на плоштадот присуствуваа околу 25.000 луѓе.
Елена Георгиевска