Како луѓето кои не ги сакате влијаат на вашето здравје

Од:

Истражувањата покажуваат дека кога сме во друштво на иритантни личности, на некој кој не ни е симпатичен, мозокот побавно работи, се пореметуваат процеси во организмот, а како последица на тоа добивате главоболка.

Дали ви се случило некоја личност да ви е особено антипатична, и тоа без реална причина? Ако е некој таков пречесто во ваше друштво, веднаш променете го тоа, советуваат експертите.

Познато е дека во друштво го преземаме однесувањето на други лица, што во психологијата се нарекува „синдром на огледало“. И тоа е сосема во ред кога околу нас има пријатни луѓе, но кога тука е некој кој не нервира, штетата по здравјето е повеќекратна. Она што се случува тогаш ние всушност ги преземаме од него негативните емоции и пренесуваме на себе „лоша енергија“.

Долгорочно, тоа може да има многу негативни последици. Интересно е, меѓутоа, дека таквиот ефект се манифестира кога сме во друштво со непријатни лица во слободно време.

Тоа значи дека колегите кои не ги сакаме не се толку „штетни“ по нашето здравје. Имено, експертите појаснуваат дека кога не работиме, не сме фокусирани на задачите, повеќе го набљудуваме опкружувањето, па ако во него има некој „кој ни оди на нерви“, тоа многу потешко го поднесуваме.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска