Фудбалскиот клуб Атланта Јунајтед и тренерот Франк де Бур го раскинаа договорот. Како што објави американскиот клуб, управата бара тренер и наскоро ќе биде објавено кој ќе го преземе тимот. Освен холандскиот тренер, тимот го напуштија и неговите соработници.
На крајот на декември 2018 година, Де Бур го замени Жерард Мартино на клупата на Атланта. Тимот го заврши регуларниот дел од сезоната 2019 како финалист во Источната конференција со 18 победи, 12 порази и четири реми и освои два трофеи.
Оваа година Атланта оствари две победи пред крајот на сезоната, а со оглед на тоа што натпреварувањето продолжи, екипата беше елиминирана од турнирот во Орландо, откако претрпе три порази со резултат 1:0.
– Благодарен сум за можноста што ја добив во Атланта Јунајтед. Тренерството во МЛС и живеењето во Атланта беа прекрасно искуство и нов предизвик. Никогаш нема да ги заборавам неверојатните фанови. Благодарен сум на играчите, тренерите и сите во клубот за нивната поддршка, задоволство ми беше да работам со нив, изјави 50-годишниот холандски тренер.
Де Бур беше тренер на Ајакс шест години, а потоа работеше во Интер (2016) и Кристал Палас (2017) за една година, пред да ја преземе Атланта.