Актуелниот светски шампион во снукер, Англичанецот Рони О’Саливен продолжува со одличните игри на Светското првенство во Крусибл Театарот во Шефилд.
Денеска во попладневната прва сесија, популарниот „Ракета“ поведе со 7:1 против својот сонародник Стјуарт Бингам, а водеше со 7:0 и речиси перфектно ги одигра сите 8 фрејма.
На втората маса денеска играа Рики Волден и Мајкл Вајт, каде што Волден води со 6:2.
Во претпладневните сесии Хокинс поведе против Динг со 5:3, а Шон Марфи со 6:2 против Џад Трамп. Овие два пара вечерва од 20:00 часот ќе ја одиграат втората сесија.