ВМРО-ДПМНЕ: Епидемијата ќе ескалира, а десетици животи секојдневно ќе згаснуваат заради неспособноста на Заев и Филипче

Од:

„Епидемијата ќе ескалира, а десетици животи секојдневно ќе згаснуваат заради неспособноста на Заев и Филипче.

На Заев и Филипче во прв план им се тендерите, а на здравјето на граѓаните не ни помислуваат.

Бројот на заразени од корона вирусот се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„КОВИД-19 само ја потврди неспособноста на Заев и СДСМ, како и на нивниот Филипче да менаџираат со здравствениот систем. Здравствениот систем го доведоа до работ на провалијата.

Заев, СДСМ и нивниот Филипче со системскиот поткуп на населението станаа кластер на корона.

Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот. Наместо решенија и креирање здравствена политика се фрлија на политикантство кое е недозволиво.

Македонија ја направија црна точка во регионот и пошироко.

Не знаат дали ова е пик на првиот бран или втор бран. Не мислат како да се справат со кризата предизвикана од корона вирусот.

Мора да се стави крај на политикантството на СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО