Папа Франсис: Потребни се храбри одлуки на Израел и Палестина

Од:

Папата Франсис денес ги повика Израел и Палестинците да ги обноват преговорите и да донесат храбри одлуки, стои во соопштението на Ватикан, откако поглаварот на Римокатоличката црква одржа состанок со израелскиот претседател Шимон Перес.

-Се надеваме на брза обнова за преговорите помеѓу Израелците и Палестинците. Со храбра одлука и на корист на двете страни, како и поддршка од меѓународната заедница може да се постигне договор-стои во документот.

Договорот би требало да го почитуваат и двата народи и одлучно да допринесат за мир и стабилност во регионот.

Перес денес прв пат се сретна со папата Франсис, кој беше избран во март. На состанокот изразија загриженост за судирот со Сирија, но и надеж дека ќе се реши политичката криза.

Израелскиот претседател го повика папата да отиде и во официјална посета на Израел.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска