Македонската група на анонимни хакери преку Твитер најави дека извршителите ќе бидат следна мета на нивните напади.
„Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, напшаа хакерите на Твитер.
Хакерите појаснија и дека тие не го загрозиле маил серверот на Министерството за здравство, туку само направиле екстракт на мејловите.
„Сајтовите, и маил серверот се изгасени од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства. Зошто? Бидејќи во Република Македонија спас за дифејс е гасење сервер, а не пронаоѓање на глупиот 301 редирект во index.php“, напишаа хакерите.
Тие велат дека Министерството не треба да ја префрла вината кај нив, бидејќи самите ги изгасиле серверите.
„И немојте утре да се правдате дека сте правеле истрага и затоа биле паднати сајтовите, немојте повеќе да лажете, срамно е“, велат хакерите.