Повреден работник ангажиран на автопатот Кичево- Охрид

Од:

Педесет и пет годишниот Г.Т. од Кичево, вработен во ГП „Гранит“, вчера се здобил со повреди вршејќи градежни активности на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај мостот во атарот на село Добреноец, информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски

По дадената неопходна медицинска помош во Општата болница во Кичево, соопшти Димовски, работникот е пуштен на домашно лекување.

Случајот е пријавен во Полициската станица Кичево вчера околу 14 часот.

Димовски инфорормираше и дека според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале пет прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари