Постапки против две физички и едно правно лице од Радовиш заради непочитување на здравствените прописи

Од:

Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање парични казни од 500 до 2 000 евра против еден угостителски објект и неговиот управител кои не ја почитувале забраната за работа после 22 часот, како и против едно физичко лице кое не ја применило мерката за задолжителна самоизолација.

– Имено, едно лице на возраст од 30 години е обвинето затоа што на 15 јуни со товарно моторно возило допатувало од Република Бугарија, при што на граничниот премин Деве Баир потпишало изјава дека само ќе транзитира низ територијата на Република Северна Македонија и за три часа со возилото ќе излезе на граничниот премин Табановце. Наспроти ова, тој со возилото се упатил во својот дом во Радовиш. Таму не ја применил мерката за задолжителна самоизолација во домашни услови и на 17 јуни не бил затекнат во домот од овластени полициски службеници. По ова, обвинетиот со Решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ПО Струмица е ставен под здравствен надзор и му е одредена мерка – строга изолација во државен карантин. Заради непочитување на здравствените прописи, информираат од ОЈО.

Обвинителството му предложи на судот за обвинетото лице да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Освен ова, Основното јавно обвинителство Радовиш поведе постапка против правно лице – кафетерија во Радовиш и против одговорното лице – управител на кафетеријата, кои не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест.

– Спротивно на Протоколот за работа на кафетериите усвоен од Владата на Република Северна Македонија, на 2 јуни полициски службеници од МВР ПС Радовиш констатирале дека кафетеријата работи и послужува гости и после 22 часот, стои во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител му предложи на Судот да изрече парична казна за правното лице во висина од 120.000 денари, а на управителот – парична казна од 50 дневни глоби со вредност од по 10 евра во денарска противвредност за една дневна глоба.​

Лицата се товарат дека го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски