Коневски до Мицкоски: Што побрзо си одите од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата

Од:

Членот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник за град Скопје на претседателот на партијата, Ивица Коневски, реагираше на објавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на социјалните мрежи.

„Мицкоски, по твоето огласување преку официјалниот портпарол, станува јасно каков човек ја води партијата.

По мојот изнесен став, ти го тераш портпаролот да пишува ниски лаги и клевети за мене. Со тоа само потврдуваш дека ти и твојот тим немате капацитет да се справите со искрените критики, упатени за доброто на ВМРО-ДПМНЕ.

Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата“, напиша Коневски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ