Проштална средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот амбасадор Јазбец

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец.

На средбата, како што информира кабинетот на Пендаровски, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Словенија и беше констатирано дека двете држави негуваат исти, европски вредности, со традиционално пријателство и силно стратешко партнерство.

Во тој контекст претседателот Пендаровски и амбасадорот Јазбец го реафирмирале интересот за натамошно интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската сфера кадешто постои голем потенцијал.

Нагласувајќи ја континуираната словенечка поддршка на билатерално, регионално и мултилатерално ниво, претседателот Пендаровски истакнал дека Северна Македонија високо ја цени помошта на Словенија во спроведувањето на реформските процеси, во насока на нашата европска интеграција, којашто ќе се одрази позитивно на стабилноста и просперитетот на целиот регион.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации и за активностите поврзани со пандемијата на КОВИД-19, нагласувајќи ја потребата од зголемена соработка и солидарност помеѓу државите како одговор на здравствените и социо-економските предизвици наметнати од овој глобален проблем.

Претседателот Пендаровски изразил благодарност за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорот Јазбец посакувајќи му натамошен успех на личен и на професионален план.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски