Израел донесе нов закон што и дава можност на Владата да прогласи вонредна состојба и поголеми овластувања

Од:

Изреалскиот Кнесет усвои „Голем коронавирус закон“ што и овозможува на Владата да прогласи вонредна состојба и да примени вонредни мерки за да се справи со пандемијата, без дозвола од парламентарниот комитет што е задолжен за тоа.

Законот е усвоен со 48 гласови „за“ и 35 гласови против.

Според новиот закон, што ќе важи до јуни следната година, изреалската Влада ќе може да прогласи вонредна состојба во времетраење од 60 дена, ако има соменение дека постои ризик од ширење на новиот коронавирус и значителна штета на јавното здравје.

Доколку ситуацијата се подобри, ќе биде укината вонредната состојба.

За разлика од претходниот, привремен закон, полицијата нема да може да влегува во приватни домови без наредба од судот.

Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Израел во последните 24 часа надмина 2.000 втор ден по ред, соопштија изреалските здравствени власти.

Најмалку 2.027 лица се тестирани позитивни на новиот коронавирус, а стапката на инфекција е 8.3 проценти, односно секој дванаесетти тестиран е позитивен за новиот вирус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел силно го напаѓа Бејрут „Ова е најтешко досега“

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ