Додека бевме деца нашите родители се трудеа да ни ги пренесат знаењата и навиките што ним пак им ги пренеле нивните родители. Сепак, по толку многу години, некои од старите навики денес се само губење време.
-Посетете го стоматологот двапати годишно.
Овој совет за првпат се појави во реклама за паста за заби. Позади ова тврдење не стои науката. Истражување спроведено 2003 година анализираше 29 научни студии на оваа тема и во ниту една од нив немаше ниту еден доказ кој тврди дека треба да се оди на стоматолог на секои шест месеци.
Доколку имате здрави заби, еднаш годишно е сосема доволно, вели Џејмс Бадер, професор на универзитето во Северна Каролина.
Единствено што е важно е да не чекате подолго од тоа. Научно е докажано дека чистењето на забите еднаш годишно го штити вашето срце од удар за 24 %, а од мозочен удар добри 13 %.
-Користете тврда четка за подобро миење на забите.
Четките со меки влакна, подеднакво добро ги чистат забите и помалку ги ирититаат оштетените делови во устата.
– Немојте да јадете по 20 часот.
Калориите не го гледаат часовникот. Не постои разлика помеѓу оние што сте ги внеле во организмот наутро или навечер, тврди Сузан Буерман, заменик директор на УКЛА, одговорна во центарот за исхрана. Доколку гладни појдете во кревет, тоа може само да ви го расипе добриот сон.
Најновите истражувања укажуваат дека пред спиење не треба да јадете задолжително доколку вежбате во вечерните часови или имате повеќе од 60 години.
-Фрлете го млекото кога ќе му истече рокот на траење
Рокот на траење на млекото, отпечатен на пакувањето само означува до кога производот може да биде на рафтовите во продавниците т.е. до кога смее да биде продаван. Млекото останува свежо и во наредните седум дена. Само треба да го помирасате и ако е се во ред, можете слободно да го консумирате. Сепак ако ви се случи да испиете кисело млеко, тогаш само би имале проблем со вкусот, но не и со стомакот.