Секој четврти жител на Њу Делхи веројатно веќе прележал Ковид-19

Од:

Речиси секој четврти жител на индиската престолнина Њу Делхи веројатно бил заразен со коронавирус, покажуваат резултатите од серолошките тестови (тестови за антитела) што ги спроведуваат здравствените власти.

Индискиот национален центар за контрола и спречување болести тестирал примероци од крв од 21.387 жители на Делхи. Откриено е дека дури 23,48 отсто од нив имаат антитела на Ковид-19, што укажува дека во минатото биле изложени на коронавирус, јави Си-Ен-Ен.

Според најновите податоци, досега во Њу Делхи се пријавени 125.096 случаи на заразени со вирусот, што е помалку од 1 отсто од нејзината популација. Со околу 16,78 милиони луѓе кои живеат во Њу Делхи, според серолошките тестови, од коронавирусот се заразени околу четири милиони.

Њу Делхи е најтешко погодениот град од коронавирус во Индија, иако пандемијата се шири многу брзо и во другите делови на земјата. Во последните 24 часа, во Индија се пријавени 37.724 нови случаи на заразени со коронавирус.

Индија, со повеќе од 1.19 милиони случаи, е трета земја во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати