Средба на премиерот Спасовски со словенечкиот амбасадор Јазбец

Од:

Премиерот Оливер Спасовски денеска се сретна со Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија кој го завршува својот мандат во нашата држава. На средбата се потврдени силните пријателски односи помеѓу двете држави и големата поддршка што ја има нашата земја, од Словенија, во евроинтеграцискиот процес е констатирано интензивирање на соработката на државите во изминатите неколку години.

-На состанокот е оценето дека Северна Македонија и со реализацијата на парламентарните избори покажа голем потенцијал за натамошен демократски развој. Констатирано е дека земјава бележи голем напредок во изминатите три години, што ретко кој веруваше дека е возможно да се случи, преку затворањето на билатералните прашања со соседите, членството во НАТО, отворените европски перспективи. Констатирано е дека сето тоа е резултат на визијата, планот и политичката волја на водството на земјава. При тоа, изразена е согласност дека сега треба да се продолжи со реализацијата на големиот проект ЕУ, што носи добар живот на граѓаните и резултати на економски план, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Спасовски му врачи благодарница на словенечкиот амбасадор Јазбец за неговиот личен голем придонес во демократските процеси во државава, како и за големата пријателска поддршка од Република Словенија.

-Сите крупни прашања ги затворивме, се реализираат стратешките цели, членството во НАТО и исчекорот во евроинтеграциите и сето тоа можеше да се постигне само со искрени пријатели како што сте Вие и Република Словенија. Сега, по изборите, сме фокусирани на формирањето на институциите согласно законските и уставни рокови, коишто ќе го продолжат евроинтеграцискиот развој на државата, бидејќи граѓаните одбраа сигурен и извесен пат за развој на земјата, на реализираните, здравствено безбедни, слободни, фер и демократски парламентарни избори, рече премиерот Спасовски.

На средбата е констатирано дека потврда за пријателството меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија е и добрата соработка меѓу владите на двете држави за време на здравствената криза, како и за соработката на економски план, што се очекува уште повеќе да се унапредува во следниот период.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница