Младите уметници од Куманово денеска можат ликовно да се изразат на работилницата која ја организира Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Работилницата се одржува на отворено на платото и малиoт градски плоштад во Куманово, а учествуваат ученици од основно и средно образование.
– Младите кои имаат афинитети кон ликовната уметност на овој начин се изразуваат и стекнуваат одредени вештини под менторство на ликовните уметници, стручни соработници од Центарот-вели директорот на установата, Сашо Тодоровски.
Тој додава дека на овој начин со организирање на вакви работилници им се остава простор на младите да се усовршат и да ги презентираат своите дела на пошироката публика.
Учесниците се на безбедно растојание и се почитуваат сите протоколи за одржување на настани согласно препораките на здравствените институции.
Претходно, установата по пет месеци пауза организираше и изведба на монодрамата на отворено во дворот на театарот, како и концерт на отворено пред платото на центарог за култура.