Бројот на загинати во урнатата зграда во Бангладеш достигна 387 лица

Од:

Бројот на загинати при уривањето на осумкатницата во Бангладеш на 24 април достигна најмалку 387 лица, пренесува ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

Околу 600 лица се уште се водат за исчезнати, а 2.400 се повредени. Спасувачките екипи денеска открија уште пет тела. Во урнатата осумкатница во Савар, на 25 километри северозападно од главниот град Дака биле сместени пет шијачки работилници, продавници и банка.

Вчера илјадници текстилни работници во Багладеш излегоа на улични протести со барање за мртни пресуди за сопствениците на урнатата зграда.

Мохамед Сохел Рана, лидер на младинската организација на владејачката партија Лига Авами завчера е приведен од страна на елитниот полициски батаљон за брза интервенција во пограничниот град Бенаполе. Претходно беа уапсени двајца менаџери на фабриката каде се шиела евтина облека, двајца инженери и сопругата на сопственикот на осумкатницата.

Ирска компанија за трговија со облека „Прајмарк“ соопшти дека ќе исплати компензации за настраданите. Еден од дистрибутерите на компанијата го зел под наем третиот кат на зградата во Савар.

„Прајмарк“ заедно со невладини организации укажуваат помош на настраданите и има намера да исплати отштети на семејствата на загинатите, кои работеле во компанијата дистрибутер.

Канадската компанија „Лобло“ исто така ја објави вчера намерата да ги обештети семејствата на загинатите работници на нејзиниот дистрибутер.

Текстилната конференција е основен столб во економијата на сиромашната азиска држава. Во секторот се вработени најмногужени за помалку од 40 долари на месец.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници