Идниот генерален секретар на НАТО можно е да биде Романец

Од:

Многу е можно идниот генерален секретар на НАТО да биде Романец, изјави синоќа романскиот премиер Виктор Понта. Тој, меѓутоа, истакна дека не станува збор за претседателот Трајан Басеску.

Понта изјави дека „еден Романец, но не претседателот Басеску“ дошол кај него и го разгледале тоа прашање, при што премиерот му ја ветил поддршката „независно дека некогаш биле лути“.

На прашањето дали станува збор за поранешниот претседател на неговата Социјалдемократска партија Мирча Џоана, премиерот одговори дека „не може ниту да потврди, ниту да демантира“.

Весникот „Гандул“ пишува дека според проценките на премиерот Романија, заедно со Полска, имаат големи шанси да го преземат од 2014 година претседавањето со НАТО, бидејќи постои „одредена традиција“, местото да се предлага од некои поскоро присоединети членки.

Романија е членка на НАТО од 2004 година.

Би можело да ве интересира

Шолц: Украина не може да стане членка на НАТО

Политико: Седум членки на НАТО се против поканата на Украина во Алијансата

Зеленски: Берлин не го поддржува членството на Киев во НАТО

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО