77 тужби од три партии пристигнале во Управниот суд до 18 часот

Од:

До Управниот суд денеска до 18 часот тужби поднеле три политички партии: Интегра, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и еден граѓанин за повреда на избирачко право.

Од Управниот суд информираат дека освен официјално заведените две, пристигнале уште 75 тужби од Алијанса и Алтернатива.

– Во тек се заведувањето на тужби од Алијанса за Албанците и од Алтернатива, по што ќе биде објавено на веб страницата, информираат од Управен суд.

Во Управниот суд во тек е јавна расправа по поднесената тужба од Живка Арсовска, од Куманово, за поништување на решението на Општинската изборна комисија за повреда на избирачкото право.

Претходно денеска во 14:50 часот во Управниот суд е поднесена и заведена уште тужба од подносителот ИНТЕГРА Македонска Конзервативна Партија за заштита на избирачко право на подносителите на листи.

Од Управниот суд посочуваат дека за одржување на јавна седница дополнително ќе информираат.

Би можело да ве интересира

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Предраг Петровиќ