Француската Влада „нема методи ниту одредена цел“ и “денес прашањето е дали Оланд навистина може да управува со Франција“, вели лидерот на главната опозициска партија во државата Жан Франсоа Копе во интервјуза неделникот Валор актуел, што ќе се објави в четврток.
Според него, кабинетот „тоне во противречности“.
– Французите имаат сомнение за постоење на два квалитета – компетентност и авторитет, вели претседателот на Сојуз за народно движење.
Копе тврди дека владиниот тим „личи повеќе на пијан брод, а не на влада способна да ја има судбината на петтата сила во светот“.
Во коментар за француско-германските врски и критиките на француски претставници социјалисти против политиката на Меркел, Копе вели: Неверојатно е дека Оланд ги остава своите пријатели социјалисти да се впуштат во таа неразумна офанзива против Германија.