Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412, бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040, од кои најмногу во главниот град, каде има 1892 случаи.
Се уште најмногу активни случаи има во општините Чаир, Гази Баба и Аеродром.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 285
• Аеродром – 193
• Бутел – 136
• Гази Баба – 208
• Центар – 162
• Карпош – 176
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 150
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 105
• Арачиново – 34
• Илинден – 24
• Петровец – 21
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 20
• Зелениково- 12
• Странец – 7
• Нераспределен- 2
Од Министерството за здравство инфомираат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.
