Дуа Липа ги подели македонските актери и артисти, социјалните мрежи вријат по картата со „голема Албанија“

Од:

Препукувања и кавги низ социјалните мрежи донесе објавата на артистката Дуа Липа која сподели карта од „голема Албанија“ со маркирани територии од други држави, на социјалните мрежи „Твитер“, „Фејсбук“, Инстаграм“ со натпис „Автохтоност“. Под нејзините објави има бројни коментари од корисници на мрежите од сите земји на Балканот, како Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Грција. Дел од нив ја осудуваат пејачката дека шири национализам и фашизам, други се гордеат со неа, но има и повици за масовно да се пријавува содржината со цел да се отстрани од социјалните мрежи.

au•toch•tho•nous adjective(of an inhabitant of a place) indigenous rather than descended from migrants or colonists

Posted by Dua Lipa on Недела, 19 јули 2020

Под објавата има навредувачки коментари како „К**во, е*и се“, „Ма**та твоја“, „Која коза си ти“, но и националистички пароли како „Косово е Србија, „Чиста Македонија“, „Обединети држави на Албанија“. И покрај ваквите реакции, Дуа Липа не ги повлече објавите.

Кон коментирањето на објавата со свој став на социјалните мрежи се јавија и актерот Висар Вишка, музичката група „Некст тајм“, пејачот Влатко Лозаноски, актерката Симона Спировска. Актерот Вишка ја поддржа Дуа Липа и напиша дека сликата која ја споделила не ја разбира како мапа на поголема држава, туку како реакција на Србија и Македонија.

И после 20 години крвава војна Косово е во заложништво од Србија. ЕУ и светот го толерира тоа фрлајќи огромни пари во…

Posted by Visar Vishka on Вторник, 21 јули 2020

„И после 20 години крвава војна Косово е во заложништво од Србија. ЕУ и светот го толерира тоа фрлајќи огромни пари во Србија, држејќи ги граѓаните на Косово затворени. Што е логиката?! Ќе го врати Косово назад?! Сите големи мапи ќе изгубат значење во обединета ЕУ. Дури ќе станат и поголеми. Тоа што треба под итно ЕУ да направи е да им помогне на сите овие мали народи да се ослободат од големите криминалци. И да не забораваме…„autochthonous“ мапата не ја разбирам како мапа на поголема држава, тоа е реакција на Српската државна политика каде се пропагира дека сѐ е српско во Косово а и Македонската! каде што и ден денес децата во школо учат дека Албанците слегле од планини и се дојдени од некаде во 19ти век?! Тоа се ‘државни’ учебници за деца?! ВМРО-ДУИ ги направи, СДСМ-ДУИ не ги поправи?!“, напиша Вишка.

И да не забораваме…autochthonous мапата не ја разбирам како мапа на поголема држава, тоа е реакција на Српската…

Posted by Visar Vishka on Вторник, 21 јули 2020

Актерката Симона Спировска објавата на пејачката ја нарекува штетна. Таа смета дека тотално е неважно што сакала Дуа Липа да каже, со оглед на тоа што сите знаат како се толкуваат фотографиите со мапа од голема Албанија.

Тоа шо Дуа е поубава од јазовците од Некс Тајм(така ги викаше другар ми Маци), не ја прави помалку тупава, а нејзината…

Posted by Симона Спировска on Вторник, 21 јули 2020

„Тоа шо Дуа е поубава од јазовците од Некс Тајм, не ја прави помалку тупава, а нејзината објава е исто штетна, што и да сакала да каже. Убаво е да сконтаат што може да донесат постовите со овие големи држави/територии, како сакате. Тотално е неважно што сакала да каже ако оптегачила слика која сите знаеме за што се користи во последните години. Место тоа би можела да поддржи културни иницијативи кои се бават со жените жртви на војните на оваа територија. Тоа го прават голем дел од косовските уметници. Така се сака домата. Аман веќе од докажувањата за тоа кој-каде е староседелец! Аман!“, коментира Спировска.

За разлика од актерката, пејачите Влатко Лозаноски и браќата од групата „Некст тајм“ споделија фотографија со мапирани територии на други држави, кои се претставуваат како Македонија.

„Македонската империја по смртта на Филип Втори. Македонските се автохтони, различни, најстари, први, најголеми од европската популација“, пишува на сликата споделена од пејачот и групата.

За добра ноќ;)

Posted by Next Time on Понеделник, 20 јули 2020

Би можело да ве интересира

Дуа Липа раскина со поранешното момче на Рита Ора

Објавени фотографии како би изгледале Мадона, Џастин Бибер, Дуа Липа..без методи за подмладување

Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово

Дуа Липа триумфираше на Британските музички награди

Македонски хакери ги срушија сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора

Искра Манојлоска

Рита Ора по стапките на Дуа Липа: Ставете го Косово на мапата

Искра Манојлоска