Новата италијанска коалициска влада, предводена од претседателот Енрик Лета, освои доверба во долниот дом на италијанскиот парламент.
Претседателката Лаура Болдрини соопшти дека за доверба гласале 453 пратеници, 153 гласале „против“ владата, која што е формирана за речиси два месеци по изборот во февруари.
Движењето „Пет ѕвезди“, гласаше против довербата на владата, како и пратениците на партиите, Леви, екологија, слобода од левоцентристичката коалиција, која не го задоволува сојузот со конкурентите од десниот центар за формирање на влада.
И од десницата ги има оние кои не се согласуваат со политиката на Лета, во партијата Браќа на Италија, Лига за север, која беше воздржана, пренесуваат агенциите.
Конечно зелено светло се очекува денес во горниот дом- Сенатот.
„Асошиејтед прес“ наведе дека во Сенатот силите на левиот центар на Лета немаат мнозинство, но дека се очекува партијата на десниот центар „Народот на слободата“, на поранешниот премиер Силвио Берлускони, која е дела од новата коалиција, да му ја даде својата поддршка на Лета.
Лета и министрите дадоа заклетва пред претседателот на државата Наполитано.
Елена Георгиевска