Новиот парагвајски претседател се откажа од платата за добротворни цели

Од:

Новиот парагвајски претседател, конзервативецот Орасио Картес, денеска објави дека ќе се откаже од платата во корист на бездомните и неизлечливо болните лица.

Победата на Картес, еден од најбогатите луѓе во Парагвај, на изборите на 21 април, означува враќање на власт по петгодишна пауза на конзервативната партија „Колорадо“, која претходно владееше со земјата во период од 61 година.

Веднаш по победата, Картес изјави дека нема да управува со земјата воден од сопствен интерес. Како приоритет тој ја постави борбата против сиромаштијата, со која се соочува 40 проценти од населението.

Картес ќе стапи на должност на 15 август. Тој ќе треба да го извади Парагвај од политичка излолација, во која западна земјата по интерпелацијата на претходниот претседател Фернандо Луго. Поголемиот дел од земјите во Латинска Америка го сметаат соборувањето на претседателот за државен удар и ги повлекоа своите амбасадори.

Би можело да ве интересира

Загина Валтер Хармс и уште тројца негови соработници

Парагвај има нов претседател

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дилер во Парагвај силувал и убил девојче кое го купил од мајка му, снимен како ја носи

Ана Ололовска

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин

Ана Ололовска

Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гумени куршуми и солзавец на протестите во Парагвај против слабиот одговор на владата кон Ковид-19

Ана Ололовска