Ирска компанија за трговија со облека „Прајмарк“ соопшти дека ќе исплати компензации за настраданите при уривање зграда со студија за шиење во Бангладеш.
Еден од дистрибутерите на компанијата го зел под наем третиот кат на зградата во Савар, на 30 километри од Дака. Во трагедијата, што се случи на 24 април, загинаа над 300 лица, главно шивачки.
„Прајмарк“ заедно со невладини организации укажуваат помош на настраданите и има намера да исплати отштети на семејствата на загинатите, кои работеле во компанијата дистрибутер.
Канадската компанија „Лобло“ исто така ја објави вчера намерата да ги обештети семејствата на загинатите работници на нејзиниот дистрибутер.