Во пожар кај Струмица изгореа комбајн, земјоделска механизација и овоштарник

Од:

Во тричасовниот пожар, кој избувнал вчера попладне во атарот на село Дабиле, изгореа овоштарник со шупа, земјоделски машини, комбајн и балирана слама, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.

Причинета е голема материјална штета, а во гаснењето на пожарот интервенирале четири против пожарни возила и 12 пожарникари.

Вчера струмичките пожарникари интервенирале уште еднаш кога гаснеле запалена сува трева и отпаден материјал во близина на селото Банско.

Би можело да ве интересира

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место