Отворена онлајн изложба на гевгеличанката Теодора Ставрова

Од:

Во организација на Пионерскиот дом од Гевгелија,синоќа беше отворена онлајн ликовна изложба на младата гевгеличанка Теодора Ставрова,, насловена „Човекот како битие“, која вљубениците во уметноста можеа да ја проследат на јутјуб каналот на Пионерскиот дом.

Теодора Ставрова е дел од ликовната работилница на гевгелискиот Пионерски дом уште од нејзиното формирање и како што вели нејзиниот ментор, Мирјана Крстева Массети, поседува иклучителен талент и амбиција.

-Со самостојното претставување по прв пат ја доживуваме нејзината љубов кон визуелните уметности. Онлајн изложбата раскажува за нејзините размисли, сонувања и перцепции за светот преку цртежи кои имаат модерен призвук, конзистетно следејќи ги своите лични пориви, рече Массети на свеченото отворање.

Според мислењето на менторката Крстева Массети,младата Теодора Ставрова од Гевгелија со нејзината нагласена индивидуалност, амбиција,талент и чувство за естетика несомнено најавуваат личност на ликовната сцена во иднина.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска