Трамп: САД влегуваат во нова ера на освојување на вселената

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати честитки до американскиот народ по повод Денот на истражувањето на вселената, што во земјата се одбележува на 20 јули, и истакна дека Америка влегува во нова ера на освојување на космосот.

-Нашата земја денеска ја одбележува таа важна улога која во историјата и во карактерот на нашата земја ја играат американските вселенски истражувања, соопшти претседателот.

Според него, се слават храбрите космонаути и професионалци од вселенската индустрија, како поранешни така и сегашни, и „се обврзуваме во иднина да играме главна улога не само во освојувањето на вселената“.

-Првпат по десет години, американски космонаути повторно заминаа во вселената со американски ракети, гордо направени од американски работници. ХSpace е првата приватна компанија која во мисија на НАСА, испрати луѓе во вселената со пилотиран лет.

Трамп ги истакната следните големи проекти во областа на освојувањето на веселната, што се подготвуваат во САД.

Испраќање на човечка мисија на Месечината во 2024 година, во која е планирана и првата жена која ќе стапне на Земјиниот сателит, и предвиденото лансирање на роверот Perseverance, што треба да полета кон Марс и да слета во кратерот Езеро, „поплочувајќи го патот за нашите храбри космонаути кој некогаш таму ќе полетаат“.

-Заедно со марсијанскиот хеликоптер Ingenuity, ние за првпат ќе пробаме да извршиме механизиран лет на друг свет, откривајќи ги тајните на Црвената планета, за некогаш таму да го кренем американското знаме, како светилник на слободата и американскиот творечки дух низ цела Галаксија.

„На овој ден оддаваме почит за наследството што нашата нација го остави со лидерството во вселената и се поклонуваме и ги почитуваме достигањата на сите оние кои се жртвуваа за успехот на нашата земја во ова поле и за нови достигања и во 21 век“, истакна Трамп во денешното соопштение.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд