Христијанските мозаици под завеса за време на молитвите во Аја Софија

Од:

Христијанските мозаици на ѕидовите на Аја Софија во Истанбул, која минатата недела беше пренаменета од музеј во џамија, за време на муслиманските молитви ќе бидат прекриени со завеси, изјави портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.

Тој истакна дека некои мозаици на Богородица и Архангел Гаврил, кои се наоѓаат во насока на киблата, кон која муслиманите се свртени во текот на молитвата, ќе бидат прекриени со завеси.

Според него, останатите мозаици со христијански мотиви и личности не претставуваат пречка за муслиманските верници, бидејќи се наоѓаат на други места. Сепак, Калин не изјави дали тие ќе останат видливи постојано.

Освен за муслиманските верници, Аја Софија ќе биде отворена за сите посетители и туристи, а сите мозаици ќе останат непрекриени, соопштија турските власти.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја посети вчера Аја Софија, со цел да провери до каде се активностите околу пренамената на овој објект во џамија.

Би можело да ве интересира

Сирискиот град Скалбија гради симболична Аја Софија

А1он

Во Сирија ќе се гради православна црква, копија на Аја Софија

Жарко Настоски

Архиепископот г.г. Стефан испрати писмо на сострадалност и поткрепа до вселенскиот патријарх Вартоломеј

Ана Ололовска

Германија: Одлуката на Ердоган за Аја Софија нема да помогне во преговорите на Турција со ЕУ

Жарко Настоски

Реакции во Грција по молитвата во Аја Софија: Турција ја навредува културата на 21 век

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Драматични сцени пред Аја Софија: Верници го пробија кордонот, луѓе паѓаа во несвест

Ана Ололовска