Реакции во Грција по молитвата во Аја Софија: Турција ја навредува културата на 21 век

Од:

Првата муслиманска молитва во истанбулската Аја Софија, која неодамна беше пренаменета во џамија, предизвика лавина од реакции во Грција, а свое мислење на темата изнесоа политичарите од власта и опозицијата, како и медиумите, јавува МИА.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата видео порака до граѓаните по повод 46-годишнината од враќањето на демократија во Грција, се осврна и на односите со Турција, коментирајќи дека со постапки како што е претворањето на Света Софија во џамија „ја навредува културата на 21-от век“.

-Сето она што денеска се случува во Истанбул, не е манифестирање моќ, туку доказ на слабост. Јасно е дека она што се случува нема моќ да го засени сјајот на еден споменик од светското наследство. Но, оцрнети се универзалните вредности. Затоа потребна е и универзална осуда, порача грчкиот Премиер.

За универзален културен карактер кој Грција, преку меѓународна кампања треба да го одбрани, говори портпаролот на СИРИЗА, Алексис Харицис, и вели дека денешната свеченост во Света Софија, која се одржа во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и тоа на годишнината од Лозанскиот договор, е „националистичка провокација со длабоки елементи на авторитаризам“.

– Света Софија им припаѓа на сите и требаше да остане симбол на верските слободи, сјајно обележје на соживотот и дијалогот против логиката на верската конкуренција или конфликтот на културите, вели Харицис во писмената изјава.

Денешното и официјално претворање на Света Софија од споменик во џамија и манифестацијата во Истанбул е една од главните теми во грчките медиуми.

Дел од телевизиите се вклучија во живо од Истанбул во моментите кога Ердоган пристигна во Света Софија, а коментарите на новинарите се дека станува збор за „провокација од Турција“, за „тажен и црн ден за христијанството“, за „сквернавење на споменик од светското културно наследство“ и сл.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски