Чаир и понатаму со најголем број заразени од Ковид-19, следуваат Гази Баба и Аеродром

Од:

Со 280 активни случаи на заразени од Ковид-19, општината Чаир останува на врвот според бројот на заболени од коронавирусот во скопските општини.

Вкупно 10 скопски општини имаат трицифрени бројки на заразени, од кои најголем број се од Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош и во Кисела Вода.

Од заболените од коронавирусот има 139 лица кои не се распределени по општини, а седуммина се странски државјани.

Според последните податоци од Министерството за здравство, во Скопје има 1885 активни случаи на Ковид – 19.

Дистрибуцијата по општини е следна:

•       Чаир – 280
•       Аеродром – 167
•       Бутел – 132
•       Гази Баба – 195
•       Центар – 153
•       Карпош – 153
•       Сарај – 108
•       Кисела Вода – 124
•       Ѓорче Петров – 113
•       Студеничани – 105
•       Шуто Оризари – 97
•       Арачиново – 30
•       Илинден – 20
•       Петровец – 20
•       Чучер Сандево – 12
•       Сопиште – 18
•       Зелениково- 12
•       Странец – 7
•       Нераспределен- 139

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153,  бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.

Најголем број од заболените се од Скопје, Куманово, Штип и од Тетово.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски