Обвинителството истражува дали Чедомир Јовановиќ го нападнал сопственикот на клиниката „Физио центар“

Од:

По наредба на Третото основно обвинителство во Белград, полицијата го проверува настанот во кој лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Чедомир Јовановиќ, го нападнал сопственикот на Центарот за физикална терапија „Физио центар“ во Нов Белград, изјави портпаролот на обвинителството, Маја Делиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Делиќ додаде дека се прават проверки за тоа дали Јовановиќ го прекршил карантинот откако бил пуштен од болница, каде бил на лекување од Ковид-19, односно дали му е изречен карантин.

Правниот застапник на „Физио центарот“ изјави дека Јовановиќ му нанел тешки телесни повреди на својот клиент.

Синоќа Јовановиќ со тениски рекет го нападнал сопственикот на клиниката „Физио центар“, Жарко Ивковиќ, во моментот кога физиотерапевтот прегледувал бебе. Правниот застапник на „Физио центарот“, Дејан Дубајиќ изјави дека Јовановиќ влегол без маска и дека неговиот клиент се здобил со тешки телесни повреди.

– Се фокусирам на суштината, исклучувам сè друго, напиша Јовановиќ на својот профил на Фејсбук.

Тој додаде дека не е сигурен што може да очекува во иднина, но дека не се плаши од неа бидејќи знае за кого живее.

Би можело да ве интересира

Покренато обвинение против Чедомир Јовановиќ

А1он

Чедомир Јовановиќ наводно пак учествувал во тепачка, вели дека не се сеќава

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Јовановиќ вика кон полицајците: Изгасете ги светлата бре, да ви ја е*ам мајката!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чедомир Јовановиќ: Се шокираа кога ми направија рендген преглед на белите дробови

А1он

Испитувањата открија од што боледува Чедомир Јовановиќ

Жарко Настоски

Сопругата на Чедомир Јовановиќ: Лошо е, прима морфиум, се гуши и има ужасни болки

Ана Ололовска