Полицаец упасен во Крива Паланка откако со службен пиштол пукал пред угостителски објект

Од:

Полицаец со службен пиштол испукал неколку куршуми во воздух пред угоститеслки објект во Крива Паланка. Настанот се случил доцна ноќеска и истиот бил пријавен во полиција. Тој, подоцна бил уапсен, а истрага покрена и Одделот за внатрешна контрола при Минситерството за внатрешни работи.

„Ноќеска во полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.,,Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот. Подоцна од полициски службеници Т.Т. бил лишен од слобода,а кај него и во патничко моторно возило„Пежо“ управувано од Т.Т. при извршен преглед биле пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ кал.9мм, една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми кал.9мм, една рамка со 30 куршуми кал.7,62мм и лични предмети, а од местото на настанот биле подигнати 2 испукани чаури кал.9мм за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од полициска станица Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он