САД и Индија се договорија за обнова на патничките летови

Од:

САД и Индија се договорија за постепено обновување на меѓусебните патнички летови, соопшти синоќа американското Министерство за транспорт.

Министерството претходно ги критикуваше властите на Индија за несоодветен пристап кон чартер летовите, но со постигнатиот договор наредбата ќе биде повлечена и авиокомпанијата „Ер Индија“ ќе може да лета меѓу двете земји.

Претходно, американскиот авиопревозник „Јунајтед ерлајнс“ ги обнови летовите до Кина, а беше обновен и авиопревозот Шангај-Сан Франциско. 

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна