Здравствените установи во Нови Сад се преполни

Од:

Во последните три, четири недели регистрираме се повеќе заразени од коронавирусот во Нови Сад, изјави покраинскиот секретар за здравство Зоран Гојковиќ.

Тој рече дека сите здравствени установи во Нови Сад се полни и ги предупреди граѓаните да се придржуваат до мерките „за да не дојдеме во ситуација во која што се наоѓаме во моментов“.

„Се уште не гледаме тенденција на пад на бројот на новозаболени. Здравствените установи во Нови Сад се полни, Клиничкиот центар во Војводина работи во четири ковид згради и пет интензивни единици. Од вчера почна да работи и Воената болница во Петроварадин и да прима пациенти“, изјави Гојковиќ.

Тој додаде дека речиси сите капацитети на Клиничкиот центар во Војводина се ставени на располагање и дека тоа прави голем притисок врз здравствениот систем, врз работата, здравствените работници и сето она што е врзано со функционирањето на здравството.

Би можело да ве интересира

30-дневен притвор за поранешниот српски министер Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Мајката на починатата Ангела: Доживотна затворска казна не е доволна за 15 човечки животи

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Весиќ: Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицијата

Катерина Ѓуровски

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Томислав Момировиќ и Јелена Танасковиќ поднесоа оставки