Агенција за вработување: Се појавил обид за измама со програмата за самовработување

Од:

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП МК) информираат дека се појавени случаи на обиди за измама на апликантите кои учествуваат во програмата за Самовработување, со цел изнуда и незаконско стекнување финансиска корист.

До Агенцијата за вработување се обратиле странки кои известиле дека ги контактирало непознато лице од непознат телефонски број, кое им барало извесна сума (процент од грантот), со ветување дека со сигурност ќе им бидат доделени финасиските средства.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП МК) се оградуваат од овие постапки и ги охрабруваат странките за вакви и слични случаи веднаш да ја известат Агенцијата.

Овој случај е веќе пријавен и пред надлежните органи, велат од АВРСМ.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра