ФОТО: Жерновски изврши брза интервенција по барање на граѓаните

Од:

По барање на вознемирените и загрижени граѓани кои живеат на улицата „Орце Николов“ бр. 90, Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, заедно со надлежните служби од Општината, извршија увид каде што е констатирано оштетување на електричен столб.

Исто така утврдено е и оштетување на разводниот ормар за електрична енергија на локација кај Градскиот парк и други места.

На двете локации констатирано е дека отворените необезбедени жици за напојување на електрична енергија, ја доведуваат во прашање безбедноста на граѓаните, а уште позагрижувачки е што ваквата состојба трае веќе неколку месеци.

По констатација на состојбата, Градоначалникот Жерновски, се обврза во најкраток можен рок да го реши проблемот, се со цел да се заштитат граѓаните.

01

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец