ЛДП – Велес ја вооружа Јанкулоска со моторна пила

Од:

ЛДП – Велес на својата фејсбук страница објавија фотомонтажа каде министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, држи моторна пила во раката, која е насловена „Масакр во Центар со моторни пили“, со назнака дека се темели на вистинска приказна.

Веројатно инспирацијата за ова тие пронашле во фотомонтажата што Јанкулоска ја објави во саботата на својот фејбук профил, на која новиот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, вози багер.

Жерновски тогаш експресно и одговори дека сака духовити министри, но и изрази разочарување оти на членовите од кабинетот на премиерот Никола Груевски на своите ФБ профили не им текнало да одговорат кој ги издаде личните карти на „гласачите“ од Пустец, бидејќи, „согласно уставот и законите, за тоа се одговара“.

goca

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он