Помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина се отворени два нови гранични премини, Затон Доли и Клек.
Со преместувањето на полициските службеници од Станицата на граничната полиција Метковиќ и полициската станица Стон и царинските службеници, новоизградените премини започнаа да функционираат.
Изградбата на новите премини ќе допринесе за зголемување на работните капацитети како и бројот на сообраќајните ленти за автомобили, автобуси и слично.
Освен тоа со нив се создадени подобри услови за работа на граничните служби и извршување на граничните контроли, што ќе допринесе за побрзо извршување на контролите.
Елена Георгиевска