Во Јапонија најголем дневен пораст на заразени од коронавирус од април

Од:

Во Јапонија денеска се регистрирани 623 нови случаи на коронавирус, најголемо дневно зголемување на бројот на заразени од 10 април, но нема нови смртни случаи.

Како што соопштија јапонските здравствени власти, 286 нови случаи се во Токио, со што главниот град на Јапонија бележи најголемо зголемување на бројот на заразени досега.

Во префектурите Канагава, Чиба и Саитама, како и градот Осака, е регистрирано најголемото дневно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, откако вонредната состојба во Јапонија беше укината на 25 мај.

Во Јапонија досега од коронавирус се заразени вкупно 24.185 лица, а 988 починале.

Би можело да ве интересира

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами