Во силна експлозија која што утрово одекна во центарот на Прага, најмалку 13 лица се повредени, оштетена е зграда, а постои сомнеж и дека луѓе останаа под рушевини, соопшти екипата за спасување.
Портпаролот на спасувачката екипа, Јурин Ернестов изјави дека најмалку 13 лица се повредени.
Во моментот на експлозијата, на неколку десетици метри од чешкиот Народен театар, во зградата биле околу 15 лица, но се уште никој нема информации за жртви, а околните згради се евакуирани.
Портпаролот на полицијата, Томаш Хулан истакна дека се уште не е познато кои се причините за експлозијата, но веројатно се работи за експлозија од гас.
Елена Георгиевска
ФОТО: Ројтерс