ВИДЕО: Принцезата Кејт во видео порака бара помош за заболени деца

Од:

Принцезата Кејт ја сними својата прва видео порака, во која ги повикува луѓето да дадат поддршка на институциите, кои што се гржат за тешко заболени деца.

Таа ја сними пораката по повод, Недела посветена на институциите за тешко заболени деца, која ќе трае до петок.

Британската принцеза, инаку покровител на една од институциите за помош и нивните семејства, изјави дека дознала колкаво влијание имаат тие институции.

-Постојат 49 институции за грижа на тешко заболените деца ширум Велика Британија и сите даваат помош која што е од непроценлива вредност за илјадници семејстава. Оваа Недела е време за препознавање, славење и давање поддршка на нивната инспиративна работа и на сите останати кои што пружаат влијание за децата и нивните семејства-истакна таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство