Претставникот на Тајван во Хонг Конг се врати дома поради зголемените тензии со Кина

Од:

Претставникот на Тајван во Хонг Конг, Као Минг-цун, се врати во својата матична земја, потврди денеска Одделот за Хонг Конг на тајванскикот Совет за копнени работи, наведувајќи ги како причина „непотребните политички пречки“, јави ДПА.

Тајванските медиуми објавија дека Као си заминал вчера, откако властите побарале да потпише изјава за поддршка на тврдењата на Кина за Тајван.

Германската агенција наведува дека од Као, вршител на должноста директор на Канцеларијата за економски и културни прашања на Тајпеј (ТЕКО), од страна на владата на Хонг Конг било побарано да потпише документ за поддршка на концептот „една Кина“.

Откако, наводно, одбил да ја потпише изјавата за да ја обезбеди својата работна виза, Као се вратил во својата земја.

Хонг Конг од 2018 година го одложуваше одобрувањето на работната виза за именуваниот претставник на Тајпеј во градот, што е незазбележено сценарио во деветгодишната историја на канцеларијата.

TEКO во Хонг Конг е основана во 2011 година за време на затоплувањето на односите меѓу Пекинг и Тајпеј, градотр што отвора слични де факто амбасади во земјите кои официјално не го признаваат Тајван заради притисокот од Пекинг.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени