Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде реизбран на претседателските избори во ноември во САД.
Тој ова го соопшти иако претходно изјави дека трговските односи меѓу двете земји се ветувачки дури и доколку победи демократскиот кандидат, пренесуваат британските медиуми.
Болсонаро редовно го поддржува Трамп и често пати го нарекуваше модел на политички пример и повлекуваше паралели меѓу нивните политички ставови и однесување.