Најмалку десет лица загинаа за време на бомбашкиот напад врз сирискиот премиер Ваел Надер Ал Халки кој остана неповреден.
Сириската телевизија јави дека станува збор за терористички напад чија цел бил премиерот.
Нападот се случил во близина на училиште во западниот дел од Дамаск.